Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Државниот архив со своја изложба на отворањето на Скопско лето

Државниот архив со своја изложба на отворањето на Скопско лето

Отворањето на фестивалот Скопско лето започна вчера во Музејот на македонската борба најпрво со концертот „Аманет во свила“, а веднаш потоа со свеченото отворање на нашата изложба „Ризница на постоењето: од документ до историја“.

На настанот присуствуваше директорот м-р Димитар Богески, кој имаше свое обраќање пред присутните. Тој го истакна значењето на Државниот архив во чувањето на колективната меморија, нагласувајќи дека архивот е темел на нашата историја и иднина, чувар на културното наследство и мост меѓу генерациите.

Државниот архив е институција што обезбедува континуитет меѓу минатото и сегашноста – секој документ е сведоштво за еден миг од нашата заедничка приказна. Архивот не само што ја чува меморијата, туку и ја претвора во живо наследство достапно за идните генерации.

Фестивалот Скопско лето е симбол на културното живеење во градот – со богата програма што обединува музика, театар, изложби и уметнички изведби. Тој е мост меѓу традицијата и современото творештво, создавајќи незаборавни моменти за сите љубители на културата.

Нашата изложба претставува сведоштво за минатото и богатството на документарното наследство – вистинска ризница која вреди да се види!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email