Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Унапредување на институционалната соработка со Државниот архив на Словенија

Унапредување на институционалната соработка со Државниот архив на Словенија

Во рамки на проектот „Дигитализација на Државниот архив на Македонија – DIG_DARSM“, кој се реализира со поддршка од Центарот за меѓународна соработка и развој (ЦМСР) – Република Словенија, на 10 јуни 2026 година во Архивот на Словенија се одржа работна средба помеѓу директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и директорот на Архивот на Република Словенија, д-р Андреј Наред.

Со колегите беа разменети искуства и предизвици при воведување на електронското управување со архивската документација, вклучително и законодавната рамка, со што се потврди континуираната плодна соработка помеѓу овие две исклучително важни институции.

Целта на Државниот архив е да стане национален централизиран систем за архивирање на документи преку воведување на пилот-проектот за имплементација на е-архив и е-депо.

Проектот претставува основа за една од фундаменталните точки на стратегијата за воведување на без хартиено работење преку дигитализација на процесот на архивирање во Македонија и развој на национален е-архив во рамките на Државниот архив.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email