По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на македонската држава и донесувањето на првиот Устав на независна Република Македонија, на 17 и 18 ноември 2026 година во Скопје ќе се одржи Меѓународниот научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“.
Симпозиумот ќе обедини истакнати научници, историчари, правници и истражувачи, кои преку научни излагања и дискусии ќе дадат свој придонес во расветлувањето на историските процеси, развојот на македонската државност, уставниот поредок и значењето на суверенитетот и независноста.
Програма и локации на одржување:
-
Датум: 17 – 18 ноември 2026 година
-
17 ноември: Собрание на Република С. Македонија
-
18 ноември: „Порта Македонија“, Скопје
Овој значаен научен собир претставува можност за согледување на историските достигнувања, афирмација на научната мисла и отворање нови перспективи за истражување на македонската државност и нејзиниот институционален развој.
35 години независност, уставност и суверенитет – 35 години современа македонска државност!