Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

Интерен оглас бр.02/2026

Интерен оглас бр.02/2026

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2026 

Државниот архив на Македонија објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

  • Работно место: Советник за решавање на молбени барања од имотно-правен карактер, работен стаж и школски квалификации (шифра: УПР 0101B01001)

  • Организациска единица: Одделение за заштита на архивски материјал – Подрачно одделение Скопје, Сектор за заштита на архивски материјал во депоата во Државниот архив

  • Основна нето-плата: 40.821,00 денари

  • Работно време: 40 часа неделно (понеделник – петок, флексибилно од 7:30/8:30 до 15:30/16:30 часот)

Главни услови за пријавување:

  • Стекнато високо образование (најмалку 240 ЕКТС или VII/1 степен) од областа на историските науки или науката за јазикот (лингвистика);

  • Најмалку 3 години работно искуство во струката (и најмалку 2 години на тековното работно место од непосредно пониско ниво во иста категорија);

  • Сертификат за архивско и канцелариско работење;

  • Активно познавање на еден од трите јазици на ЕУ (англиски, германски или француски) и компјутерски програми за канцелариско работење;

  • Последна оцена А или Б и без изречена дисциплинска мерка во последната година.

Рок и начин на пријавување: Пријавите со потребните докази се доставуваат во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот, на службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси и преку архивата на Државниот архив на Македонија.

Целосниот текст на интерниот оглас и образецот за пријава се достапни на линковите подолу:

1.Интерен оглас

2.Пријава

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email