Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

М-Р ДИМИТАР БОГЕСКИ-ЕДНА ГОДИНА НА ЧЕЛО НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ, КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ И ПОСТИГНУВАЊА

М-Р ДИМИТАР БОГЕСКИ-ЕДНА ГОДИНА НА ЧЕЛО НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ, КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ И ПОСТИГНУВАЊА

На 17 ноември 2026 година се наврши една година од назначувањето на м-р Димитар Богески за в.д. директор на Државниот архив.

Изминатата година ја одбележаа конкретни резултати во подобрувањето на статусот на вработените, унапредувањето на архивската дејност, заштитата на архивскиот материјал, дигитализацијата, меѓународната соработка и промоцијата на македонското архивско наследство.

ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

– Зголемување на платите – потпишан поединечен колективен договор со кој е обезбедено зголемување на платите за 7% од март 2026 година, со предвидени дополнителни зголемувања во наредните три години.

– Подобрување на работните услови – реализирани санации и инфраструктурни интервенции во централниот објект и подрачните одделенија, вклучително и решавање на долгогодишни проблеми со одводните канали, протекувањето вода и разладните уреди.

– Одржување на архивските депоа – активности за подобрување на условите за чување и заштита на архивскиот материјал.

СТРУЧНА АРХИВСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ

– Средени и обработени 41 архивски фонд – во Државниот архив и неговите подрачни одделенија, со што се унапредува заштитата и достапноста на архивскиот материјал.

– Унапредување на стручната работа – подобрување на процесите на средување, обработка, евидентирање и заштита на архивските документи.

– Професионален развој на вработените – организирани стручни обуки и размена на искуства за унапредување на професионалните компетенции и квалитетот на архивското работење.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА

– Напредок на проектот DIG_DARSM – во соработка со Република Словенија, спроведена е јавната набавка за анализа и подготовка на проектната документација за првата фаза од дигитализацијата на Државниот архив.

– Подготовки за воспоставување е-архив и е-депо – активности за создавање технички и организациски предуслови за дигитална трансформација, долгорочно зачувување и современо управување со архивскиот материјал.

– Унапредување на нормативната рамка – стручен придонес во подготовката на новата Уредба за канцелариско и архивско работење и соодветните подзаконски акти.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ПАРТНЕРСТВА

– Зајакната меѓународна соработка – потпишан документ за соработка со Хрватскиот државен архив и продлабочени партнерства со архивски институции од Словенија, Србија, Албанија, Турција и други земји.

– Меѓународно претставување – учество на стручни собири во Атина, Талин и Истанбул, со цел размена на професионални искуства и афирмација на Државниот архив.

– Активности во процесот на сукцесија – продолжени заложбите за обезбедување пристап до архивскиот материјал од поранешна СФРЈ, значаен за македонската историја.

– Соработка со домашни институции – реализирани заеднички активности со научни, културни и образовни установи.

ИЗЛОЖБЕНА ДЕЈНОСТ И ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

Во текот на годината беа реализирани повеќе изложби во земјата и странство, меѓу кои:

– „Ризница на постоењето – од документ до историја“ – Скопје.

– „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар: калеидоскоп на едно минато време“ – Битола.

– „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ – Загреб.

– „Документи и фотографии за Македонија од времето на османлискиот период“ – во соработка со Државните архиви на Турција.

– Изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев – Скопје.

– „Прилеп по 1945 – години на промени и развој“ – Прилеп.

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ И ЈУБИЛЕЈНИ ИЗДАНИЈА

– Јубилејна поштенска марка „75 години Државен архив“ – издадена во тираж од 6.000 примероци.

– Монографија „Државен архив – столб на македонското битие“ – посветена на историјата и развојот на институцијата.

– „Османлиски документи за историјата на Македонија“ – објавена публикација со пописот на христијанското население од Тетовската Каза од 1838/39 година, том II, книга 3.

– Каталог „Документи што зборуваат на допир“ – историски документи приспособени на Брајово писмо и со тактилни прикази.

– Учество на Саемот на книгата 2026 – претставени повеќе од 40 изданија на Државниот архив.

ЗБОГАТУВАЊЕ НА АРХИВСКИТЕ ФОНДОВИ

– Прибирање и преземање архивски материјал – активности за збогатување на архивските фондови со документи од значење за македонската историја.

– Преземање вредна документација – донација од Мартин Треневски, составена од 12 архивски кутии со документација.

ОТВОРЕНОСТ И ДОСТАПНОСТ НА АРХИВСКОТО НАСЛЕДСТВО

– „Документи што зборуваат на допир“ – за првпат овозможено непосредно запознавање на лицата со оштетен вид со избрани историски документи преку Брајово писмо и тактилни прикази.

– Одбележана 75-годишнината на Државниот архив – реализирани јубилејни настани и активности за афирмација на институцијата.

– Едукативни активности и поголема јавна видливост – организирани посети на ученици, медиумски настапи, интервјуа, телевизиски прилози и промоција на значајни архивски документи.

ЕДНА ГОДИНА РЕЗУЛТАТИ – ТЕМЕЛ ЗА ПОНАТАМОШЕН РАЗВОЈ

Зголемувањето на платите, средувањето и обработката на 41 архивски фонд, напредокот во дигитализацијата, подобрувањето на работните услови и бројните стручни, меѓународни, изложбени и издавачки активности ги одбележаа резултатите од едногодишното работење.

Постигнатото е плод на заедничката работа, стручноста и посветеноста на вработените во Државниот архив.

Во периодот што следува, приоритет остануваат дигиталната трансформација, професионалниот развој, заштитата и достапноста на архивското наследство и понатамошното зајакнување на институцијата.

Една година конкретни резултати и поставени основи за современ, функционален и достапен Државен архив, посветен на зачувувањето на македонската историска меморија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Интерен оглас бр.02/2026