Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, на промоцијата на мобилната апликација m.Uslugi

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, на промоцијата на мобилната апликација m.Uslugi

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес присуствуваше на промоцијата на новата мобилна апликација m.Uslugi.

Овој настан претставува значаен чекор напред кон овозможување сè подобри, побрзи и поефикасни услуги за граѓаните. Со мобилната апликација m.Uslugi се прави конкретен чекор кон модерна држава, во која граѓаните ќе имаат помалку административни шалтери, намалена потреба од хартиени документи и значително побрзо остварување на своите права.

Суштината на дигитализацијата не е само воведување нова технологија, туку поедноставување на процедурите, меѓусебно поврзување на институциите и намалување на административниот товар за граѓаните и бизнис-заедницата. Ова означува почеток на нов пристап во работата на јавната администрација – пристап во кој високо се почитува времето на граѓаните, а институциите преземаат поголема одговорност за ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање.

Во чекор со овие современи процеси, Државниот архив интензивно се стреми кон целосна дигитализација на своето работење. Со дигитализацијата на архивскиот материјал, пребарувањето, заштитата и пристапот до историските и административните документи стануваат значително полесни, побрзи и подостапни за научната јавност, истражувачите и за сите граѓани.

Дигиталната трансформација е еден од најважните столбови на реформите за остварување на европските стандарди. Крајниот успех ќе се мери според конкретните резултати: заштеденото време на граѓаните, поедноставените постапки, современото чување на националното документарно наследство и можноста голем дел од услугите да се завршуваат брзо, едноставно и сигурно од кое било место.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email