Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

Изложба по повод 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

Изложба по повод 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

Државниот архив на Македонија, во соработка со НУ Конзерваторски центар – Скопје, кој беше организатор на овој настан, на 10 октомври 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Црквата „Св. Спас“ во Скопје ја одржа изложбата посветена на еден од најзначајните моменти во современата македонска историја: 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје.

Заветот на Гоце Делчев, пренесуван низ децениите од неговите соборци, остана трајна обврска за Илинденската организација и за македонската држава: неговите останки да почиваат во главниот град на слободна и независна Македонија.

Веднаш по ослободувањето на земјата, соборците и тогашните власти донесоа заедничка историска одлука дека се остварени сите услови за исполнување на овој аманет, со што посмртните останки на Делчев конечно беа вратени во татковината.

Оваа изложба претставуваше посебна посвета на историскиот пат на неговите останки, заветот на неговите соборци и зачувувањето на националната меморија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email