Државниот архив на Македонија објавува Повик за прибирање предлози за издавачката програма за 2027 година.
Право на учество имаат автори и редактори кои предлагаат стручни архивски публикации, зборници на документи, монографии и други научни трудови од областа на архивистиката и историјата на Македонија.
Рок за доставување предлози: до 20 октомври 2026 година.
Начин на пријавување: Со пополнување на задолжителниот Образец за предлози за публикување (достапен на нашата веб-страница).
Пополнетите обрасци се доставуваат во хартиена/скенирана форма на адресата на Државниот архив (кеј „Димитар Влахов“ бр. 19, 1000 Скопје) или по електронска пошта на: publikuvanje@arhiv.gov.mk.
За повеќе детали околу услови критериумите и начинот на подготовка на трудовите, преземете го целосниот текст на повикот и образецот подолу.