Две локации, на две различни места, но иста идеја – достојно да ја претставиме нашата колективна меморија.
Денеска, по повод најголемиот празник – Илинден, Државниот архив на две локации, во Крушево и во Пелинце, се претстави со свои изложби каде што за првпат пред јавноста беа прикажани историски документи и фотографии за борбата на македонскиот народ за слобода и независност.
Голема благодарност до целиот тим и сите колеги кои несебично се вложија и дадоа свој придонес за реализација на овој значаен настан.
Нека ни е среќен празникот, да ни е жива Македонија!