Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци

Работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги, Фатон Фазлиу, и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Накил Фетаи.

На средбата се разговараше за прашања од заеднички интерес, при што беа разменети мислења и искуства поврзани со надлежностите на институциите, како и можностите за понатамошна соработка во насока на поефикасно извршување на законските обврски.

Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и меѓуинституционална соработка во интерес на унапредување на јавните услуги и заштитата на документацијата и личните податоци.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email