Денес се одбележуваат 80 години од формирањето на Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, институција која осум децении претставува симбол на хуманост, грижа и посветеност кон најмладите.
На свечениот настан по повод овој значаен јубилеј присуствуваше директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, а свое обраќање имаше и доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, во улога на рецензент на монографијата „Трага низ времето“, издание кое трајно ја зачувува историската меморија и општествената улога на Домот.
Државниот архив на Македонија им го честита 80-годишниот јубилеј на Детскиот дом „11 Октомври“ и им посакува уште многу децении успешна и благородна работа во иднина.