Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

Нова вредна донација во Државниот архив: Предаден архивскиот материјал на м-р Мартин Треневски

Нова вредна донација во Државниот архив: Предаден архивскиот материјал на м-р Мартин Треневски

Во просториите на Државниот архив беше извршено предавање на вреден архивски материјал создаден од познатиот новинар и дипломат, починатиот м-р Мартин Треневски. Материјалот, кој е сместен во 12 архивски кутии, на Комисијата за откуп и подароци при Државниот архив официјално му го предаде сопругата и законски наследник, Василка Попоска-Треневска.

На оваа средба присуствуваа директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и д-р Бранислав Светозаревиќ.

Предадениот материјал содржи исклучително важни документи и сведоштва, меѓу кои:

  • Материјали и преписка од дипломатскиот период
  • Документи за македонската дијаспора (Австралија, црковни прашања и др.)
  • Информации и извештаи од Министерството за надворешни работи
  • Весници, исечоци, брошури и објавени книги од м-р Мартин Треневски
  • Истражувачки студии, скрипти и други значајни материјали

На средбата беше истакнато дека соработката ќе продолжи и во иднина, при што семејството ја искажа својата подготвеност за донирање и на други нови архивски материјали за Државниот архив.

Државниот архив изразува голема благодарност до семејството за овој драгоцен подарок, кој трајно ќе се чува во Архивот и ќе биде достапен за истражувачите и идните генерации како сведоштво за македонската дипломатија и новинарство.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email