Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Архивот и „Танец“ со заедничка мисија за афирмација на македонската традиција

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески и директорката на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Весна Митевска, остварија средба на која потпишаа Договор за соработка. Со овој договор се воспоставува соработка во насока на зачувување, промоција и афирмација на културното и историското наследство на Македонија, организирање заеднички настани и активности, со […]

Министерката Јаневска го посети Државниот архив – поголема соработка за поквалитетни учебници по историја

Во Државниот архив на Македонија денес се одржа работна средба помеѓу министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, заменичката директор на Архивот, Тренделина Деари, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, шефот на катедрата по историја при Филозофскиот факултет, проф. д-р Далибор […]

Повик за доставување текстови за списанието „Македонски архивист“ бр. 39-40

Државниот архив објавува повик за доставување текстови (прилози) за новиот двоброј на меѓународното научно списание „Македонски архивист“ бр. 39-40 во кое се објавуваат трудови од архивската теорија и практика, теорија и методика на проучување и користење на пишани историски извори (документи), трудови од архивска едукација, претставување на архивски фондови од Државниот архив и други архиви, […]

„Како документите добиваат нов живот: репортажа од Државниот архив“

Сител телевизија и нивната утринска програма „Ја сакам Македонија“ изработија прекрасна репортажа за Државниот архив, посветена на тоа како се реставрираат и конзервираат старите документи – нашето најдраго културно наследство. Нашите колеги Марјан и Тулај со огромна посветеност го објаснија целиот процес: од првичната проценка на оштетувањето, преку внимателното чистење и стабилизација, па сè до […]

Сеќавање на претседателот Борис Трајковски, чувано во архивската меморија на државата

По повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, Државниот архив со почит се потсетува на неговото државничко дело и придонес во развојот на Македонија. Во Архивот се чува фондот од Кабинетот на претседателот Трајковски, како трајно сведоштво за неговата работа, визија и посветеност кон државата и нејзините граѓани. Државниот архив е чувар на 148 […]

Промоција на изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“

Државниот архив активно придонесува кон откривање нови факти за историјата на Македонија и македонскиот народ. Денес, во просториите на Музејот на тетовскиот крај во Тетово, беше промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“, од авторите доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, во издание на Државниот архив. […]

Стојановски: Архивскиот материјал во Битола е на безбедно и на сигурно

Во интервју за ТВ Тера Битола, раководителот на Подрачното одделение Битола, Гоце Стојановски, посочува дека архивскиот материјал во подрачното одделние е на безбедно и на сигурно. „Она што во медиумите е пласирано дека архивскиот материјал во Битола е загрозен поради тоа што протекува од крововите, апсолутно не е точно. Архивскиот материјал тука е безбеден и на сигурно […]

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, гостин во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител

Богески: Ги увидовме проблемите во Архивот, тргнуваме со силни чекори напред Во вчерашното издание на Дневникот на Сител ТВ, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, гостуваше во „Тема на денот“, каде зборуваше за работата и дејноста на институцијата. Тој посочи дека во изминатите десет години нивото на работа било намалено, главно поради тоа што […]

Архивот во ново светло – доверба, развој и иднина

Целите на новото раководство на Државниот архив на Македонија, предводено од директорот м-р Димитар Богески, се отвореност и транспарентност уште од првиот ден на мандатот. Во првите три месеци беа реализирани низа значајни активности кои ја зацврстија институцијата, и го поставија темелот за долгорочен развој. Овие чекори не само што обезбедуваат подобри услови за вработените […]

Личен фонд на истакнатиот урбанист и архитект Љубе Пота примен во државниот архив

Вчера, во Државниот архив беше примен личниот фонд на Љубе Пота, истакнат урбанист и архитект од Скопје, кој остави траен белег во македонскиот и светскиот урбанизам. Фондот е преземен од неговиот син Владимир Пота, архитект од Скопје, и претставува исклучително богат архивски материјал што ја отсликува неговата повеќедецениска професионална дејност. Љубе Пота активно учествувал во […]