Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Колегиум во Охрид – зајакнување на тимската работа и позитивната атмосфера

Во насока на зајакнување на работната атмосфера и континуирано следење на работните процеси, вчера во Подрачното одделение на Државниот архив – Охрид се одржа работен колегиум со раководителите на одделенијата. Средбата беше посветена на унапредување на тимската работа, размена на мислења и искуства, како и јакнење на позитивната и мотивирачка работна средина. Со ваквите средби […]

ИНТЕРВЈУ: ДИМИТАР БОГЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ: Архивот не смее да биде депо на заборавот, туку темел на државноста

Нашата цел е со забрзани чекори да ги вратиме угледот и достоинството на институцијата, да ја зајакнеме свеста за значењето на архивското наследство како столб на идентитетот и државноста и да го позиционираме Државниот архив како современ европски архив, кој активно учествува во меѓународната научна и културна размена – нагласува директорот Богески Нова енергија, нова […]

Работна средба со Хорското музичко друштво „Кочо Рацин“

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, имаше работна средба со претседателката на Хорското музичко друштво „Кочо Рацин“, Виолета Наумовска, и хористката Сузана Стамболиска. Разговорот беше насочен кон можностите за идно партнерство, поврзување на архивското културно наследство со хорската и музичката традиција, како и иницирање заеднички проекти и настани од јавен интерес. Средбата се одвиваше […]

Се подобруваат условите за работа во подрачното одделение во Битола

Една институција не ја прават ѕидовите, инфраструктурата, масите или столчињата – туку луѓето. Нашата најголема вредност се вработените, а нашиот фокус е тие да ги имаат сите услови за работа, достоинство и професионален развој. Ветувањата се реализираат – на дело. Како дел од заложбите на директорот м-р Димитар Богески, во Подрачното одделение Битола е извршена […]

Публикуван прирачник за архивска едукација

Следејќи ја заложбата за развивање свест за значењето кај најмладите, Државниот архив неодамна го публикуваше прирачникот „Архивот – врата кон историјата (архивска едукација)“ од авторите Назмије Куртиш, м-р Билјана Крстевска и м-р Марјан Гијовски. Ова е прв прирачник од ваков тип, кој преку соодветен методолошки пристап и илустрации ја прикажува дејноста на Државниот архив и […]

СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ“, ДВОБРОЈ 37-38 ДОСТАПНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ

Државниот архив го публикуваше најновиот двоброј на списанието „Македонски архивист“, кое е стручно списание од областа на архивистиката во државата. И во овој двоброј се претставени стручни текстови од областа на историјата и архивистиката, прилози и материјали меѓу кои и текстови за активностите во Државниот архив во 2025 година. Во него ќе може да прочитате […]

Средба со подрачните одделенија во Подрачното одделение Скопје

Во Подрачното одделение Скопје вчера се одржа работна средба со претставници од подрачните одделенија, посветена на унапредување на работата, размена на искуства и јакнење на тимската соработка.На средбата беа отворени прашања поврзани со секојдневните работни процеси, предизвиците со кои се соочуваат подрачните одделенија, како и можностите за подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите. Размената […]

Работна средба на директорот на Државниот архив со австрискиот амбасадор

Денес, во кабинетот на директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, се одржа работна средба со Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Македонија, г. Мартин Памер. На средбата беа разменети мислења за значењето на архивското наследство, како и за можностите за унапредување на соработката во областа на архивистиката, културата и институционалната размена. Посебен акцент беше […]

Средба со визија и заедничка цел

Директорот на Институтот за национална историја (ИНИ), д-р Митко Панов, оствари работна посета кај директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, јакнење на капацитетите на двете институции и реализација на заеднички проекти од заеднички интерес. Беше истакнат големиот потенцијал со кој располагаат ИНИ и Државниот […]