изложбата „Документи и фотографии за Македонија во османлискиот период“ и промоција на изданието „Попис на христијанското население од Скопски санџак – Тетовска каза 1838/39 година“ од д-р Аднан Шериф

Денес во Националната галерија Чифте амам во Скопје се одржа изложбата „Документи и фотографии за Македонија во османлискиот период“.Настанот беше дел од одбележувањето на значајниот јубилеј 75 години од постоењето на Државниот архив, при што беа презентирани вредни архивски материјали кои сведочат за историските процеси и животот на населението во Македонија во 19 век.Во рамки […]
Заедно со нашите пензионери го одбележавме големиот јубилеј, 75 години од постоењето на Државниот архив.

Денес, во Порта Македонија, заедно со нашите пензионери го одбележавме големиот јубилеј, 75 години од постоењето на Државниот архив. Во своето обраќање, директорот им изрази искрена благодарност на пензионерите, на нивната долгогодишна работа, посветеност и значајниот придонес во градењето и развојот на институцијата низ годините.Во знак на признание за долгогодишната работа, посветеност и значајниот придонес, […]
По повод јубилејот 75 години Државен архив, беше промовирана и јубилејна поштенска марка

Денес одбележуваме 75 години од постоењето на Државниот архив, 75 години чување на нашата меморија, историја и идентитет.По повод јубилејот, беше промовирана и јубилејна поштенска марка, мал симбол со големо значење. Таа ќе патува низ светот и ќе ја раскажува нашата приказна.Како што истакна директорот м-р Димитар Богески, оваа марка не е само симбол, туку […]
Државниот архив, домаќин на 14 архивски претставници и асоцијации

Државниот архив денес беше домаќин на 14 архивски претставници и асоцијации. Директорот м-р Димитар Богоевски се обрати пред присутните и посочи дека нема иднина без пријателство, нема напредок без соработка.Ваквите средби се одлична можност за размена на искуства, идеи и поголемо вмрежување помеѓу архивите од регионот и Европа.
Богески за МИА: „Државниот Архив е столб на македонското битие“

Државниот архив на Македонија вчера го одбележа јубилејот – 75 години од основањето, под мотото „Државниот архив – столб на македонското битие. Институцијата е формирана во 1951 година со указ на тогашната Влада, а денес пред неа стои голем предизвик: дигитализацијата на архивските материјали. Директорот Димитар Богески изјави дека се прават анализи за финансиската рамка […]
Денес славиме 75 години постоење на Државниот архив

Овој јубилеј е повеќе од бројка – тоа е сведоштво за истрајноста, посветеноста и историската мисија на институцијата која ја чува меморијата на македонскиот народ и држава. Архивот е живо сведоштво за нашата историја, за патот на државноста и културниот идентитет, за сите оние документи и сведоштва што ја градат нашата колективна меморија. Во овие […]
Денес е голем ден за вработените во Државниот архив.

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7%, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за […]
Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево. Архивот на Босна и Херцеговина беше домаќин на состанокот, на кој се разговараше за прашања од заеднички интерес поврзани со архивскиот материјал и процесите на сукцесија, со посебен акцент на дигитализацијата. Директорката на […]
Богески за МИА: Државниот архив е столб на македонското битие, најстариот документ што го поседува е Евангелието на Лука од 12.век

Најнапред за претстојниот голем јубилеј што ќе го прославите – 75 години од постоењето на Државниот архив, на кој начин ќе го одбележите овој голем јубилеј? – Да, токму така, Државниот архив на Македонија прославува 75 години од неговото основање во далечната 1951 година со указ на тогашната Влада. Тоа претставува значаен момент за […]
Богески во Неделен магазин: „Државниот архив е темел на македонската државност“

Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, гостуваше во емисијата „Неделен магазин“ на Македонската радио-телевизија, каде што говореше за претстојниот јубилеј – 75 години од основањето на институцијата. Во разговорот тој истакна дека Државниот архив претставува еден од фундаментите на македонската национална историја и државност, како и континуитет во развојот на културното и […]