Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Соработка меѓу Државниот архив и Универзитетот во Загреб

На 9 јуни 2026 година, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со доц. д-р Влатка Лемиќ, одговорна за Архивот на Универзитетот во Загреб. Доц. д-р Влатка Лемиќ, покрај тоа што е раководител на Централната канцеларија за архивска граѓа на Универзитетот е и професор на катедрата за архивистика во Загреб, потпретседател на […]

Изложба по повод Меѓународна Архивска недела

Во рамки на одбележувањето на Архивската недела 2026, која годинава се одржува од 8 до 12 јуни под мотото „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, денес во НУ „Музеј на тетовскиот крај“ беше промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија – попис на христијанското население од Скопски санџак, Тетовска каза, […]

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под слоганот „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“

Меѓународниот ден на архивите – 9 Јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО. Годинава, Архивската недела се одржува од 8 до 12 јуни и го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата […]

Државниот архив на работилница на Архивскиот комитет на НАТО во Атина

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и раководителот на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал Светлана Успрцова учествуваа на работилница/состанок на Архивскиот комитет на НАТО, која на 21 и 22 мај се одржа во Министерството за надворешни работи на Грција. Ова е првпат ваков настан да се организира […]

Државниот архив на 36. ICARUS Конвенција во Талин, Естонија

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и раководителот на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал, Светлана Успрцова, учествуваат на 36 конвенција организирана од International Centre for Archival Research – ICARUS. Годинешното издание е посветено на темата „Highlighting Heritage, Empowering Knowledge – From Archivists to Everyone“, со фокус на: […]

150 години Разловечко востание

По повод 150 години од Разловечко востание, со особена почит се потсетуваме на еден од најзначајните настани во македонската револуционерна историја. Подигнато во мај 1876 година во селото Разловци, под водство на Димитар Поп Георгиев Беровски, востанието претставува силен израз на стремежот кон слобода, правда и национално достоинство. Иако траело кратко, неговото историско значење е […]

Делегација на Државниот архив на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на Архив на Војводина

Делегација на Државниот архив, во состав, Валентина Трајаноска, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и м-р Јован Стојановски, присуствуваше на свеченоста организирана од Архивот на Војводина по повод одбележувањето 100 години од неговото основање, под мотото „Чувари сећања“ (1926–2026). Во рамките на свечената програма во Нови Сад беше откриена и биста на д-р Димитрије Кириловиќ, една од […]

Претставници на National Skills Council во посета на Државен архив

Денес во Државниот архив имавме чест да бидеме домаќини на претставници и студенти од National Skills Council од Малта. Во текот на посетата гостите имаа можност одблиску да се запознаат со работата на архивот и со процесите на заштита, средување и обработка на архивскиот материјал. Во секторот за конзервација и реставрација им беше презентиран процесот […]

Благодарница за државен архив од Кинотека на македонија

По повод значајниот јубилеј 50 години од постоењето на Кинотека на Македонија, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари средба со директорот на Кинотека на Македонија, Бошко Грујоски. На Државниот архив му беше врачена благодарница за исклучителниот придонес во развојот на дејноста за заштита и унапредување на аудиовизуелните добра, како значаен дел од културното […]

Интервју на директорот м-р Димитар Богески за Призма

Државниот архив, пред 13 години се пресели во нова зграда покрај Вардар, која е дел од проектот „Скопје 2014.“ Во неа, оваа институција се соочува со лоши услови за исполнување на својата обврска да ги чува важните државни документи, како што се најстарите записи од 12 век, обемниот фонд на Битолскиот кадилак, кој содржи илјадници […]