Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под слоганот „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под слоганот „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“

Меѓународниот ден на архивите – 9 Јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.

Годинава, Архивската недела се одржува од 8 до 12 јуни и го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата и градењето на иднината.

Овогодинешното мото ја истакнува потребата архивите да бидат отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.

По повод Архивската недела, Државниот архив организира повеќе настани посветени на промоцијата на архивското наследство.
На 9 јуни во Тетово ќе се одржат промоција на книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија, додека на 10 јуни во Куманово ќе биде промовирано јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследено со изложба по повод јубилејот на Државниот архив.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email