Утврдена содржината на 15 број на научното списание „Записи“ на Историскиот архив Пожаревац

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, учествуваше на седницата на Меѓународниот редакцискиот одбор на списанието „Записи“, што ја организираше Историскиот архив Пожаревац, на која беа разгледани повеќе од 50 научни трудови, од кои 33 ќе бидат објавени во 15. број на списанието, чие објавување е предвидено до крајот на годината. Во работата на Редакцискиот […]
Од Ат Пазар до Дрвен Пазар – изложба на фотографии во рамки на „Илинденски денови“

Вчера во Безистенот во Битола се одржа промоција на изложбата на стари фотографии со наслов „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар: калеидоскоп на едно минато време“. Изложбата, подготвена од тимот на Битолскиот архив (Душан Божиновски, Марија Дурлова, Димитар Ѓоргиевски, Христина Котеска Дријовска и Гоце Стојановски), беше реализирана во соработка со Центарот за култура – Битола, […]
Државниот архив и Министерството за дигитална трансформација партнери во исполнувањето на реформската агенда

Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. На средбата се разговараше за стратешката улога на Државниот архив во процесот на дигиталната трансформација на јавниот сектор, како и за неговото активно учество во реализацијата на приоритетите од Реформската агенда на Владата на Македонија. Посебен […]
Работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги, Фатон Фазлиу, и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Накил Фетаи. На средбата се разговараше за прашања од заеднички интерес, при што беа разменети мислења и искуства поврзани со надлежностите на институциите, како […]
Богески за „Лидер“: Дигитализацијата е наш приоритет

Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, денес беше гостин во подкастот на Радио Лидер, каде што говореше за актуелните предизвици и идните планови на институцијата. Во рамки на интервјуто беа опфатени повеќе теми од значење за јавноста. Директорот зборуваше за предизвиците со кои се соочува Архивот во современи услови, нагласувајќи ја потребата од […]
Нов чекор во унапредувањето на архивската дејност. Владата ја донесе новата Уредба за канцелариско и архивско работење

На вчерашната седница, Владата ја донесе новата Уредба за канцелариско и архивско работење, која претставува значаен исчекор во модернизацијата на системот за управување со архивскиот и документарниот материјал и поставува цврсти темели за поефикасно, поодговорно и современо административно работење. Особена гордост за Државниот архив претставува фактот што во подготовката на ова стратешки важно подзаконско решение, […]
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал

Државниот архив на Македонија, во интерес на имателите и истражувачите од земјата и странство, постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивски материјали што се наоѓаат во приватна сопственост. Ги повикуваме сите граѓани кои поседуваат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарaт на Државниот архив – институција која се грижи […]
Државниот архив со своја изложба на отворањето на Скопско лето

Отворањето на фестивалот Скопско лето започна вчера во Музејот на македонската борба најпрво со концертот „Аманет во свила“, а веднаш потоа со свеченото отворање на нашата изложба „Ризница на постоењето: од документ до историја“. На настанот присуствуваше директорот м-р Димитар Богески, кој имаше свое обраќање пред присутните. Тој го истакна значењето на Државниот архив во чувањето на колективната меморија, нагласувајќи дека […]
Унапредување на институционалната соработка со Државниот архив на Словенија

Во рамки на проектот „Дигитализација на Државниот архив на Македонија – DIG_DARSM“, кој се реализира со поддршка од Центарот за меѓународна соработка и развој (ЦМСР) – Република Словенија, на 10 јуни 2026 година во Архивот на Словенија се одржа работна средба помеѓу директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и директорот на Архивот на Република Словенија, […]
Потврдена добрата соработка меѓу архивите на Македонија и Хрватска

По повод Меѓународниот ден на архивите, минатата недела се одржа билатерален состанок помеѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб. На средбата учествуваа м-р Димитар Богески, директор на Државниот архив, Светлана Успрцова, раководител на сектор, Тулај Адеми, советник, како и директорката на Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска. […]