Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Публикуван прирачник за архивска едукација

Публикуван прирачник за архивска едукација

Следејќи ја заложбата за развивање свест за значењето кај најмладите, Државниот архив неодамна го публикуваше прирачникот „Архивот – врата кон историјата (архивска едукација)“ од авторите Назмије Куртиш, м-р Билјана Крстевска и м-р Марјан Гијовски. Ова е прв прирачник од ваков тип, кој преку соодветен методолошки пристап и илустрации ја прикажува дејноста на Државниот архив и одговорностите на архивистите во денешницата. Архивите се средишта во кои најмладите градат однос кон културно-историското минато и се ризница на знаења.
Наша обврска е да поттикнуваме прифаќање на архивската професија кај учениците бидејќи документарното наследство е темел на државата.

            Издавач на прирачникот е м-р Димитар Богески, директор на Државниот архив, уредник, д-р Васко Дукмеџиев и рецензент м-р Љупка Андов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email