Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Новогодишна средба на директорот м-р Димитар Богески со пензионерите на Државниот архив

Новогодишна средба на директорот м-р Димитар Богески со пензионерите на Државниот архив

Денес, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, ги прими пензионерите на Архивот во неговиот кабинет.

Средбата помина во пријатна и топла атмосфера, исполнета со искрени разговори, сеќавања и заемна почит. Директорот Богески им изрази благодарност за нивниот долгогодишен труд, професионален ангажман и значаен придонес во развојот и зачувувањето на архивската дејност, нагласувајќи дека нивната работа претставува темел врз кој се гради современиот Државен архив.

Во духот на празниците, тој им посака добро здравје, лична среќа и мирна година исполнета со радост, истакнувајќи дека институцијата секогаш останува отворена за нив како дел од архивското семејство.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email