Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Одбележан 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Одбележан 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Денес, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Владата на Република С. Македонија се одржа свечен настан на кој присуствуваше директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески.

Пораката испратена по повод овој значаен ден беше јасна: потребно е да градиме општество во кое секој човек има еднакви можности, пристап и поддршка за целосно учество во сите сфери на животот.

Државниот архив ја потврдува својата заложба за инклузивност и еднаквост, со цел да се создаде средина каде што лицата со попреченост ќе можат да ги развиваат своите потенцијали и да придонесуваат во заедницата.

Овој ден е потсетник дека силата на едно општество се мери преку неговата грижа за најранливите групи.

Заедно градиме иднина во која различностите се почитуваат, а секој глас се слуша.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email