Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Заедно со нашите пензионери го одбележавме големиот јубилеј, 75 години од постоењето на Државниот архив.

Заедно со нашите пензионери го одбележавме големиот јубилеј, 75 години од постоењето на Државниот архив.

Денес, во Порта Македонија, заедно со нашите пензионери го одбележавме големиот јубилеј, 75 години од постоењето на Државниот архив. Во своето обраќање, директорот им изрази искрена благодарност на пензионерите, на нивната долгогодишна работа, посветеност и значајниот придонес во градењето и развојот на институцијата низ годините.Во знак на признание за долгогодишната работа, посветеност и значајниот придонес, беа доделени плакети на нашите пријатели и поддржувачи: Алкалоид, Европа 92, Македонска радио телевизија, МБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Музејот на македонската борба.Архивот не е само институција, тој е заедница. Нашите пензионери се нејзини најпочитувани членови, а нивната мудрост и љубов кон документот остануваат патоказ за сите идни генерации архивисти.Нека е вечен Државниот архив, и нека е вечна вашата трага во него!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email