Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Директорот Богески присуствуваше на промотивен настан за дигиталната платформа ПРОМЕТЕЈ

Директорот Богески присуствуваше на промотивен настан за дигиталната платформа ПРОМЕТЕЈ

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески присуствуваше на официјалното претставување на дигиталната збирка натписи и приказни ПРОМЕТЕЈ, достапна на веб-страницата https://prometheus-epigraphy.eu/. Настанот се одржа во Националниот археолошки музеј во Скопје, во организација на музејот и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со поддршка на Creative Europe, како и од националните институции од Македонија, Србија и Бугарија.

Претставувањето на оваа дигитална платформа е значаен чекор во современото презентирање на културното и историското наследство. Државниот архив ја поддржува дигитализацијата и ваквите проекти, кои овозможуваат поголема достапност на културните извори и придонесуваат кон унапредување на научната и стручната работа.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email