Државниот архив на настан за доделување сертификати за ментори во стручното образование

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес присуствуваше и се обрати на свеченото доделување сертификати за ментори за практично образование на учениците од стручните училишта. Настанот, организиран со поддршка на Центарот за развој на стручно образование и УНИЦЕФ, беше посветен на унапредување на практичната настава, размена на добри практики и признавање на улогата на […]
Одбележан 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Денес, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Владата на Република С. Македонија се одржа свечен настан на кој присуствуваше директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески. Пораката испратена по повод овој значаен ден беше јасна: потребно е да градиме општество во кое секој човек има еднакви можности, пристап и поддршка за целосно […]
УСПЕШНО ОДРЖАНА ОБУКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СУГС „ШАИП ЈУСУФИ“

Државниот архив денес беше домаќин на ученици од III година, профил администратор, од СУГС „Шаип Јусуфи“ од Општина Шуто Оризари, при што учествуваа на обука за канцелариско-архивско работење придружувани од професорката Ивона Јакимовска. Во посета на Државниот архив беше и м-р Елизабета Ј. Радановиќ, советник за сектор економија, право и трговија од Центарот за развој […]
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески и директорот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, проф. д-р Зоранчо Малинов потпишаа Меморандум за соработка, со кој официјално се унапредува соработката во областа на научно-истражувачката работа, дигитализацијата и заштитата на културното наследство. Меморандумот предвидува заедничка реализација на научни и стручни активности, проекти поврзани со […]
Делегација од Државниот архив присуствуваше на прием организиран од Амбасадата на Романија

Делегација на Државниот архив, во состав: директорот, м-р Димитар Богески, раководителката на Сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал, Светлана Успрцова, и раководителот на Подрачно одделение Битола, Гоце Стојановски, присуствуваше на свечен прием организиран по повод Националниот ден на Романија и 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република С. Македонија и […]
Директорот Богески присуствуваше на промотивен настан за дигиталната платформа ПРОМЕТЕЈ

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески присуствуваше на официјалното претставување на дигиталната збирка натписи и приказни ПРОМЕТЕЈ, достапна на веб-страницата https://prometheus-epigraphy.eu/. Настанот се одржа во Националниот археолошки музеј во Скопје, во организација на музејот и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со поддршка на Creative Europe, како и од националните институции […]
Директорот на Државниот архив присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината на ДСУРЦ „Партенија Зографски“

Денес во Домот на културата „Билјана Беличанец“, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески присуствуваше на свеченото одбележување на 70-годишнината од основањето на ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – Скопје. Настанот кој се одржа под мотото „70 години традиција, знаење и љубов” опфати свечени обраќања, промоција на монографија по повод јубилејот, како и богата уметничка програма изведена […]
м-р Димитар Богески – Нов директор на Државниот архив

Денес новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, официјално ја презеде функцијата од неговата претходничка. За директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и […]