Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783
Република Северна Македонија

Државен aрхив

Меѓународен научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“

Меѓународен научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“

По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на македонската држава и донесувањето на првиот Устав на независна Република Македонија, на 17 и 18 ноември 2026 година во Скопје ќе се одржи Меѓународниот научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“.

Симпозиумот ќе обедини истакнати научници, историчари, правници и истражувачи, кои преку научни излагања и дискусии ќе дадат свој придонес во расветлувањето на историските процеси, развојот на македонската државност, уставниот поредок и значењето на суверенитетот и независноста.

Програма и локации на одржување:

  • Датум: 17 – 18 ноември 2026 година

  • 17 ноември: Собрание на Република С. Македонија

  • 18 ноември: „Порта Македонија“, Скопје

Овој значаен научен собир претставува можност за согледување на историските достигнувања, афирмација на научната мисла и отворање нови перспективи за истражување на македонската државност и нејзиниот институционален развој.

35 години независност, уставност и суверенитет – 35 години современа македонска државност!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email