Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив

Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив

Вчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија м-р Димитар Богески и директорот на Хрватскиот државен архив д-р Динко Чутура, потпишаа Договор за соработка.Со овој Договор се отвора простор за заеднички изложби, работилници, предавања, размена на стручни кадри и знаења, со посебен фокус на дигитализацијата, заштитата, обработката, конзервацијата и реставрацијата на архивскиот материјал.

Особено значајна е можноста за размена на искуства во процесот на дигитализација, со цел современо чување и поголема достапност на архивското наследство.

На потпишувањето, беше присутен и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Упатуваме искрена благодарност до амбасадорот за неговото несебично залагање и посветеност во успешната реализација на овој значаен договор.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Интерен оглас бр.01/2026