Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи, г. Јовица Палашевски.
На средбата беа разменети мислења за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на значењето на архивското наследство и неговата улога во зачувувањето, заштитата и промовирањето на историската документација.
Во разговорот беа разгледани и можностите за понатамошно унапредување на институционалната соработка, особено во областите поврзани со архивската документација од значење за меѓународните односи, дипломатската историја и културното наследство.
Средбата е можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување дополнителни форми на соработка меѓу двете институции во рамките на нивните надлежности.