Кеј Димитар Влахов бр. 19 1000 Скопје • +389 2 3115 783

Република Северна Македонија

Државен Архив

Заменик директор

Заменик директор

М-р Тренделина Деари

М-р Тренделина Деари е родена на 10 септември 1983 година во Гостивар, Република Северна Македонија.

Основното образование го завршила во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека средното образование го продолжила во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, каде се стекнала со стручно образование со звање медицинска сестра – техничар.

Во 2006 година дипломирала на Факултетот за педагошка и методолошка обука – насока Социологија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, при што се стекнала со стручен назив Професор по социологија.

Во 2017 година ги завршила постдипломските студии (втор циклус) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје, на студиската програма Социологија – менаџмент на општествени промени, со што се стекнала со научен назив Магистер по социологија – менаџмент на општествени промени.

Од 2008 година е вработена како професор по социологија во СОУ Гостивар (гимназија), каде стекнала значајно професионално искуство во образовниот процес, наставната дејност и работата со млади.

Во текот на својата професионална кариера активно учествувала на бројни домашни и меѓународни обуки, семинари и работилници од областа на образованието, интеркултурниот дијалог, инклузивното образование, образованието за мир, како и примената на современи наставни методи. Поседува повеќе сертификати издадени од релевантни институции и организации, меѓу кои Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Нансен дијалог центар Скопје, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и други организации кои работат во областа на образованието и општествениот развој.

Се одликува со развиени комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, интеркултурна соработка, како и со високо ниво на толеранција, одговорност и професионална посветеност.

Албанскиот јазик го користи како мајчин, а активно ги владее македонскиот, српскиот и англискиот јазик, додека турскиот јазик го познава на основно ниво.

Поседува солидни информатички вештини, со активно користење на компјутерските програми Microsoft Word, Excel и PowerPoint, како и работа со современа компјутерска опрема.