М-р Димитар Богески
М-р Димитар Богески е роден на 21 април 1981 година во Скопје. Своето високо образование го стекнал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломирал во 2005 година и се стекнал со звањето дипломиран историчар – архивист. На истиот факултет ги завршил и постдипломските студии, успешно бранејќи ја магистерската теза на тема „Дејноста на ВМРО во Вардарска Македонија 1919-1934 г.“, во рамки на поширокото истражување за македонското ослободително движење помеѓу двете светски војни
Својот професионален пат во Државниот архив го започнува во 2008 година како помлад соработник. Преку посветена и долгогодишна работа во институцијата, тој поминува низ сите хиерархиски нивоа. Од 2010 до 2015 година ја извршува функцијата раководител на Одделението на Државниот архив – Скопје, а во периодот од 2015 до 2017 година е в.д. државен советник во Државниот архив – централен дел. Потоа, од 2017 до 2024 година раководи со Одделение во централниот дел на Архивот. Во 2024 година е именуван за заменик – директор, а од 2025 година ја врши функцијата директор на Државниот архив.
Покрај професионалниот ангажман во архивистиката, Богески остварува забележителна дејност и во јавниот и културниот живот. Во периодот од 2005 до 2009 година бил советник во Советот на Општина Центар и претседател на Комисијата за култура при Советот, каде што дава придонес во реализацијата на значајни културни и просторни проекти (како поддршката за обнова на стариот театар, Музејот на македонската борба и Македонската опера и балет). Во периодот од 2008 до 2015 година раководел и со Одборот за подигање споменици и спомен-обележја од значење за националната историја и култура.Автор е на повеќе стручно-научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и зборници, меѓу кои:
- „Македонското ослободително движење во Вардарска Македонија во периодот помеѓу двете Светски војни 1919–1934“ (ATLANTI – Меѓународно издание за архивска теорија и пракса, 2024);
„Архивското законодавство“ (Atlanti Special Edition, 2013);
„Проблемот на рационализација и валоризација во некои сфери на архивската дејност“ (Записи – Годишњак историског архива Пожаревац, 2013);
„Архивот на Скопје 1952 – 2012 – ЗАПИСИ“ (Записи – Годишњак историског архива Пожаревац, 2012);
Коавтор е на „Монографијата за архивот на град Скопје“, проследена со изложба во Париз под покровителство на УНЕСКО.