Menu Content/Inhalt
Дома arrow Издаваштво
Издавачка дејност на ДАРМ
pastarchives.jpg
Публикувањето архивска граѓа и научно-инфор­ма­тивни сред­­с­тва прет­­ставува важна функција на Државниот архив на Ре­пуб­лика Маке­до­­ни­ја. Објавувањето документи е логичен завршеток на прет­ходниот ар­­хи­вис­тич­ки труд во Архивот. Со тоа на документите им се овоз­можува да за­жи­ве­­ат еден нов живот и да ги ползува широк круг корисници. Врз основа на пуб­ликуваните до­ку­мен­ти се подготвуваат ис­то­рио­граф­ски и други тру­до­ви со поголема фак­то­­­граф­ска и исто­риска вред­ност. На тој начин архив­с­ка­та граѓа по­доб­ро се заш­ти­тува (се користат из­данијата, а не ори­гиналата граѓа).

Државниот архив на Република Македонија подолго време се ори­ен­­тирал кон објавување архивска граѓа што е од значење за истори­ја­та на ма­­­кедонскиот народ и Македонија и за таа цел презел обемни архивски ис­тра­жувања во странство. Со тоа се настојува да се докомплетираат фон­дов­­с­ки­­те праз­ни­ни. Публикуваните документи фрлаат дополнителна свет­лина за некои те­ми, нас­тани и личности што се од зна­че­ње за маке­дон­ска­та историја.

Во Државниот архив на Република Македонија претежно се изда­ваат публикации “за поширок круг научни работници и истражувачи, со цел да се задоволат потребите од верна репродукција на ори­гиналот, но и за јас­­ност и разбирливост на текстот”. Тоа се кри­те­­ри­уми што се сме­таат за општоприфатени во светот.

Зборниците на документи се издаваат во превод на ма­ке­дон­­ски ја­зик (ако се пишувани на странски јазици) или со транскрипција или фак­си­­мили, и со кратка содржина на до­ку­мен­тот (регест), прикажани според хро­нолошкиот принцип, со соодветен на­у­­чен апа­рат (фусноти и сл.) и со ин­декси за лич­ните и географските имиња. Во науч­на­та апа­ра­­тура се об­­јаснуваат поимите и термините, се разјаснуваат спор­ни­те места итн.

Преведените документи се публикуваат на ма­ке­дон­ски ли­те­ра­ту­рен јазик и со современа интер­пун­кција. Таму каде што до­ку­мен­ти­те се објавуваат во транскрипција, се задржуваат правопис­ните ка­­рак­­те­рис­­ти­ки и интерпункцијата на оригиналот. Во сите зборници на до­ку­мен­ти воведот и регес­ти­те се преведуваат на еден од светските јазици. Пок­рај овие општи правила, се­која едиција има и некои свои специфичности.

Со издавање на документи Државниот архив започнал уште во 1963 го­ди­на. Врз публикувањето документи се анга­жи­раат надворешни научни работници и архивисти од Архивот.

Како резултат на интензивната и континуирана издавачка дејност, Ар­хивот издаде пове?е едиции и одделни из­да­ни­ја што се содржани во Каталогот на публикации на Државниот архив на Р Македонија.
Датум Наслов на прилогот Автор Посети
4.09.2006. Каталог на публикации на ДАРМ Webmaster 446
4.09.2006. Ценовник на изданијата на ДАРМ Webmaster 441